Работник се повредил на работно место во Кавадарци
Објавено на 2 септември, 2020 во 08:18
2.09.2020
Вчера околу 16.30 часот додека извршувал работни задачи во фабрика во Кавадарци, работникот Д.М.(32) од Кавадарци се здобил со повреда на левото колено.
Тој бил пренесен во болницата во Кавадарци за укажување на лекарска помош.
Повредата на работникот била пријавена во полициската станица Кавадарци чија екипа направила увид на местото на настанот./А.Д