11 нови позитивни во Кавадарци, меѓу нив и едногодишно дете
Објавено на 27 октомври, 2020 во 15:04
Едногодишно дете е најмладиот пациент инфициран во корона вирус во Кавадарци. Тоа е дел од денеска дијагностицираните единаесет случаи.
„Во последните 24 часа вирусот е дијагностициран кај 11 лица во Кавадарци. Од нив шест се жени и пет мажи. Еден од новите позитивни на возраст од 38 години е хоспитализиран во приватна клиника во Скопје. Едногодишното дете не посетувало градинка. Работиме на утврдување на контактите“ рече епидемиолог д-р Ристе Јовановски.
Од денеска е зголемен бројот на термини за тестирање, но и покрај тоа термините брзо се потполнуваат./ А.Д