Казнети 61 лице за неносење заштитна маска, физички напад во Кавадарци, изречени 17 прекршоци при акциска контрола на подрачјето на СВР – Велес
09.12.2020
Во периодот од 08 – 09.12.2020 година за непочитување на Уредбата за носење на лична заштита евидентирани се 61 лице, и тоа, 28 во Велес, 21 во Кавадарци и 12 во Неготино. Против овие лица ќе следуваат соодветни мерки.
На 07.12.2020 година во 21.00 часот во Полициската станица Кавадарци З.Д.(34) од Кавадарци пријавил дека на 06.12.2020 год. околу 15.00 часот на ул.„Блажо Алексов“ во Кавадарци бил физички нападнат од Т.П.(57) и Ј.М.(61). По целосно документирање на случајот ке биде поднесена соодветна пријава.
На 08.12.2020 година на подрачјето на СВР Велес спроведена е акциска контрола на возачи кои вршат неправилно престигнување на други возила, при што, биле констатирани и санкционирани 17 прекршоци, од кои девет во Велес, четири во Кавадарци и четири во Неготино, информира Верољуб Додевски, портпарол на СВР – Велес.
Мите Јаначков