Кавадарци на второ место по нови ковид позитивни
Објавено на 27 јануари, 2021 во 13:50
27.01.2021
Продолжува да се зголемува бројот на ковид позитивни во Кавадарци. Според податоците од денешната статистика на министерството за здравство во овој град се регистрираат 29 нови позитивни на корона вирусот. Со тоа Кавадарци е на второ место по бројот на нови дијагностицирани ковид позитивни.
Во изминатото деноноќие во Неготино има 4 нови случаи, а седум во Демир Капија.
Од почетокот на пандемијата во Кавадарци и Росоман има вкупно 2533 позитивни, од кои во моментов се активни 320.
На ковид одделот во кавадаречката болница се лекуваат 16 пациенти. /А.Д