Кавадарчанец го прекршил полицискиот час, 26 лица не носеле маска на територија на СВР – Велес
Објавено на 12 март, 2021 во 13:02
12.03.2021
Во периодот од 11 – 12.03.2021 кавадарчанец не ја почитувал на забраната за движење, додека за непочитување на Уредбата за носење на лична заштита казнети се 26 лица, и тоа, 15 во Велес и 11 во Кавадарци, информира Верољуб Додевски, портпарол на СВР – Велес.
Против овие лица ќе следуваат соодветни мерки, додава тој.
Мите Јаначков