Прилагодете ја брзината и почитувајте ги сообраќајните правила и прописи е пораката што на учениците од основните и средните училишта од Кавадарци им ја упати двократниот европски првак во ридски трки, Игор Стефановски – Иџе. Под мотото  „Шапионот обединува – насмевка, живот, едукација“, денес, во спортската сала Јасмин  се  одржа едукативен час за безбедноста во сообраќајот.

Уште еден хуманитарен потег  реализираа жените од локалната самоуправа Кавадарци. Парите наместо за осмомартовска забава ги одвоија за набавка на машина за садови, правосмукалка и спортска опрема за децата од мал групен дом во Кавадарци, каде се сместени деца од семејства во социјален ризик.

Компанијата „Кожувчанка“ од Кавадарци заедно со двократниот европски првак во автомобилизам Игор Иџе Стефановски ќе ги советуваат и едуцираат младите за поголема безбедност во сообраќајот. Кампањата се реализира под мотото „Шампионот обединува насмевка, живот и едукација“.

Со цел да се поттикне соработката и партнерството помеѓу граѓанското општество и државните институции во промоција на безбедни и здрави работни места и да се утврди функционирањето на бипартитниот дијалог во компаниите на локално ниво преку користење постојана законска рамка за безбедност и здравје при работа,  денеска во Кавадарци се одржа информативен состанок  на кој учествуваа социјални партнери, граѓански организации, образовни институции и претставници од релевантни сектори.

Педесет годишниот З.С. од Кавадарци се уште се бори за живот на Карил, откако вчера се здобил со тешки телесни повреди во собраќајната несреќа што се случи на автопатот Скопје - Велес пред Катланово.

Просторот позади зградите „Лепотици“ кој повеќе пати се претвараше во дива депонија од несовесни станари кои живеат во околните згради,  сега ќе добие нов лик. Наместо кал  и ѓубриште овде се гради мини парк. Се врши партерно уредување, се поставуваат риквизити за најмладите. Изграден е летниковец, а наскоро ќе биде изграден и мини пазар.

Поврзани вести

Web banner Hit Portal Sinalco IceTea 2018 300x250px 01

 

Најново