Минатата недела се евидентирани најмногу нови заболени од грип оваа сезона. Лекарите велат дека зголемениот број на грипозни се должи на честите промени на времето. И понатаму најпогодени се лицата на возрасто од 15 до 64 години.
Насмевка за возачите кои ја почитуваат дозволената брзина на движење со своите возила и налутено смајли за оние кои возат со поголема брзина. Ова го покажуваат десетте сообраќајни знаци што деновиве се поставени на неколку локации низ кавадаречките улици. Целта е да се делува врз свеста на возачите дека со прилагодена брзина придонесуваат за поголема безбедност во сообраќајот.
Сувото време и поволните услови овозможуваат да се работи на повеќе позиции во Кавадарци, со што се реализираат активностите од програмата за комунална изградба.
Педесет илјади евра, грант од јапонската влада доби Општа болница со проширена дејност Кавадарци. Грантот е наменски и со парите ќе се реконструира во целост детското одделение, а ќе се набави и медицинска опрема.
Проблемот кој беше присутен во Кавадарци при поројни дождови со собирање на голема количина атмосферска вода се надминува. Во тек е реконструкција на атмосферската канализација.
Целосно е реновирана зградата на противпожарната единица во Кавадарци. Се изградија и нови гаражи за возилата. Останува уште хортикултурното уредување на дворот, информираа денеска од прес службата на општина Кавадарци.