Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Во присуство на заменик Министер за Локална самоуправа на Р.Македонија Дејан Павлески денеска во Росоман се потпиша договорот за партнерство,со што отпочнаа процедурите за регистрација и имплементација на проектот „Тера вино“,одобрен преку прекуграничната програма Македонија -Грција ИПА 2.

Договорот го потпишаа Виолета Јанкова, директор на „Тиквешки вински пат“ , Градоначалникот на Општина Росоман, Бранко Јанев и Марко де-ла Пупа, директор на Италијанско Грчката комора како водечки партнер.

Проектот ќе се реализира 18 месеци, при што ќе биде реновиран објект од 700м2 наменет за за изложбен центар за храна, вино и туризам во Општина Росоман што ќе биде комплетно опремен, ќе се формира Македонско грчки кластер за туризам,ќе се подготви и промовира нов туристички производ ,ќе се набави лабараторија,ќе се развие марка за квалитет и ќе се спроведат други активности./У.Ј

Поврзани вести

Web banner Hit Portal Sinalco IceTea 2018 300x250px 01

 

Најново