ВМРО ДПМНЕ:Спомнатите личности ги има само еднаш во избирачки список
Објавено на 27 јануари, 2016 во 14:10
Личностите спомнати како фантом гласачи од страна на СДСМ, си ја задржале истата адреса и во избирачкиот список ги имало само еднаш, реагираат ВМРО ДПМНЕ. Тие немале никаква поврзаност со пратеникот Коџабашиев, се вели во писмената реакција на партијата.
„СДСМ очајно се обидува да избега од избори и прави се’ што може да се спаси од соочување со народот. Со финти и трикови, кои со години ги користат, повторно се обидуваат да го манипулираат народот, но тие повеќе не поминуваат“, стои во писменото соопштение на ОК на ВМРО ДПМНЕ.
Од ДПМНЕ реагираат дека опозицијата со измислени сценарија и афери се обидувала да ги изврти работите./Д.С