Блок трансакција на „Жито Вардар“ го зголеми прометот на Македонска берза
Објавено на 28 јануари, 2016 во 08:21
Трговскиот ден на Македонската берза за хартии од вредност денеска беше отворен со блок трансакција со акциите на „Жито Вардар“ АД Велес.
Вкупно 9.448 акции по цена од 669 денари беа истргувани, со што беше остварен промет од 6.320.712 денари и пад на просечната цена на акцијата од значајни 39,02 отсто. Ова беше доволно за да акцијата се позиционира на првото место по остварен промет во денешниот ден со процент на учество од 52,64 отсто.