За незаконски ископ на руда и продажба на дрога, велешката полиција поднесе три кривични пријави
Вршел ископ на минерални суровини без концесија и рудата ја продавал на фирмата „Јавор Транс“ бензинска пумпа Градско. Шеесет и три годишниот велешанец Р.М. од село Сирково е осомничен за сторител на кривично дело во својство на управител на „НИП Проект“ ДООЕЛ од Кавадарци и правното лице „НИП Проект“ ДООЕЛ од Кавадарци. Тоа го утврдиле полициски службеници кои постапиле по пријавувањето на осомничениот. СВР Велес против Р.М поднесена кривична пријава. Незаконскиот ископ на минерални суровини се случувал во месноста Виничани поточно во атарот на село Ногаевци, кај Велес.
СВР во Велес денеска поднесе уште две кривични пријави за граѓани од Кавадарци и Неготино за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.
Полицијата во првата кривична пријава го осомничи четириесет и шест годишниот Кавадарчанец З.Б. во чиј дом лани, на 13 ноември изврши претрес и пронајде 307,58 грама наркотична дрога марихуана како и 13,61 грам семе од растението канабис.
Во втората кривична пријава за истото кривично дело осомничени се триесет и девет годишниот Неготинец А.Т. како и Кавадарчаните С.М. (30) и А.К. (32). Сите тројца полицијата лани, на 3 јули, ги открила како си предаваат марихуана наменета за продажба кај старата автобуска станица во Кавадарци. Тогаш А.Т. на С.М. му дал 7,56 грама наркотична дрога марихуана, а на А.К. му дал 0,32 грама наркотична дрога хероин со цел истата да ја препродадат на други лица./У.Ј