Велешанец фатен со дрога
Објавено на 10 март, 2016 во 13:07
Кај триесет и пет годишниот велешанец М.Т полицијата пронашла дрога и против него поднесе кривична пријава за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори.
На 23 ноември минатата година, во месноста викана Дурутовец, полицијата забележала две патнички возила „Фолксваген Поло“ и „Југо“ . Кога ги легитимирала лицата во автомобилите, полицијата го затекла пријавениот, му извршила претрес и во него пронашла 0,42 грама хероин.
Инаку триесет и пет годишниот М.Т. е познат сторител на вакви дела но и на кривични дела против здравјето на луѓето и против имотот. Нему му се изрекувани и затворкси казни..Д.С