Поддржувачите на „Протестирам“ вечерва скандираа : „Смрт на фашизмот – слобода на народот“
На бистата на Коста Рацин во паркот пред гимназијата која во родниот град го носи неговото име и на столбовите на улиците „Благој Ѓорев“ и „8 септември“ граѓаните подджувачи на движењето „Протестирам“ вечерва поставија плакати со ликовите на Никола Груевски и Ѓорге Иванов. Вака одлучија да го одбележат 9 мај, денот на победата на фашизмот.
Поворката со граѓани и вечерва тргна од кај фонтаната спроти Авона и се движеа до плоштад „Сармаале“. Попатно демонстрантите ги извикуваа паролите „Смрт на фашизмот, слобода на народот“, „Мафија на робија“, „Шутка не ти бега Никола“, „Фати ме, фати ги“ и „Поддршка за СЈО“. Протестот заврши со пеење на народната револуционерната песна „Абре Македонче“.
Додека поворката со демонстранти се движеше низ улиците дел од нив прашавме кои се причините за нивното учество на вечерашниот протест?
„На ваков начин давам поддршка на СЈО против недомаќинското работење на актуелната власт затоа што сметам дека оваа власт мора да си оди“.
„Оваа власт мора да си оди, има многу големи неправди нанесено на народот“.
„Протестирам за демократија, слобода и мир“.
„Барам промена на власт и оставка на претседателот Ѓорге Иванов. Моменталната состојба ги трпи последиците на криминалната власт. Протестирам против криминалците.“
„Му давам поддршка на граѓанското движење Протестирам. Знаете ли зошто е формирано Специјалното јавно обвинителство, дали за власта или за опозицијата? Тоа е формирано за криминалите на власта. Претседателот на државата со аболицијата им прости на криминалците. Затоа сум тука. Во затвор лежат невини луѓе а на слобода се најголемите криминалци во историјата на Македонија кои што направиле незапамтени криминали.“
„Да го смениме овој катастрофален режим. Сите деца ни избегаа во странство. Во моето семејство имам од прво колено иселено 21 дете. Не ли е тоа доволно да излезам на улица и да протестирам?“
Протест на „Протестирам“ во Велес ќе има и утревечер кога граѓаните поддржувачи на оваа движење во 18.30 часот ќе се соберат кај фонтаната спроти Авона./У.Ј