Чадиев: Нема да им успеат купишта лаги со кои сакаат да ме дискредитираат и да ми наштетат
– Денеска е последниот ден од изборната кампања за претстојните локални избори. Во зиминативе 20-тина денови водевме позитивна кампања. Ја промовиравме нашата програма „Нова ера за Велес“. На промовиравме на митинзи, на средби со граѓани, целни групи, од врата до врата. Допревме до сите, ја поделивме во домовите.Во оваа прилика дозволете ми да им се заблагодарам на сите членови на ВМРО ДПМНЕ кои неуморно работеа во изминативе денови. Дозволете да Ви се заблагодарам и Вам граѓаните кои ни пруживте топол и срдечен пречек, рече кандидатот за градоначалник на Славчо Чадиев.
Тој анализирајќи ја кампањата рече дека ќе ја подели на два дела од кои во првиот искажа задоволство за реализираните активности на терен додека во вториот ја вброи црната кампања против него со цел да го дискредитираат.
– Одредени политички центри блиски на СДСМ кои пласираа купишта лаги само за да ме дискредитираат и да ми наштетат на денот на изборите. Ова очекувам да продолжи и денеска и утре. Нив веднаш ќе им одговорам дека нема да им успее, рече Чадиев.
Тој побара од граѓаните да направат разлика како се живееше во времето кога во Велес СДСМ беше на власт и како е сега со ВМРО ДПМНЕ, како изгледаше градот со 17 000 невработени и каков е градот сега со 3000 невработени, какви беа училиштата и градинките, а какви се сега, на што личеше градскит стадион тогаш и сега, во кои лиги се натпреваруваа спортските клубови, имаше ли Велес манифестација на која доаѓаа по 50 000 посетители од целата земја,колку кал газеа велешани кои живеат во високите градски зони и во околните населени места и како изгледаше Езерото Младост тогаш, а како е сега.
На крајот Чадиев ја побара поддршката од граѓаните во недела на 15 октомври преку заокружување на бројот 13 за кандидатот за градоначалниk од ВМРО ДПМНЕ и за листата на советници. /У.Ј