Во Лозово најголем а во Градско најнизок одзив на избирачи до 13 часот
Во североисточниот дел на Вардарски регион најголем одзив на денешните локални избори,до 13 часот, има на избирачките места во општина Лозово. Според Државната Изборна комисија таму излегле и гласале 38,1% од граѓаните евидентирани во Избирачкиот список. Претседателот на Општинската Изборна Комисија, Ристе Андонов ни вчера ниту денеска е достапен на мобилниот телефонски број што е објавен за контакт на веб страницата на ДИК.
Веднаш позади Лозово е општина Свети Николе каде до 13 часот излегле и на 34 избирачки места гласале 35,5 % од вкупно запишаните 14.878 граѓани со право на глас .
Потоа следи Велес со излезност од 30,72% од вкупно запишани 46.525 граѓани со право на глас на 84 избирачки места па Општина Чашка со излезност од 30,24% од вкупно запишаните 6.012 граѓани кои правото на глас го остваруваат на 31 избирачко место.
До 13 часот во општина Градско каде се евидентирани вкупно 3147 избирачи на 11 избирачки места гласале 27,9%.
Општинските Изборни комисии последните податоци за одзивот на избирачите ќе ги објават во 17 часот./У.Ј