Изјава на Коцевски по гласањето : „Граѓаните да гласаат со чиста совест, здрав разум за тој што мислат дека ја заслужува нивната доверба“
Кандидатот за градоначалник на Велес, Аце Коцевски, од коалицијата предводена од СДСМ денеска во 12 часот и 30 минути го оствари своето право на избор на овие шести по ред локални избори во Македонија. Тој гласаше на избирачкото место во Ветеринарната станица. Коцевски беше придружуван од својата сопруга и од децата.
По завршувањето на граѓанската должност тој даде изјава во која рече:
– Јас само што го остварив своето право на глас. Мило ми е што сите информации кои ги добивам говорат дека гласањето одлично се одвива без сериозни нарушувања на изборниот процес. Добро е тоа што е така за да можат граѓаните да гласаат со чиста совест, здрав разум за тој што мислат дека ја заслужува нивната доверба. Би сакал така да биде до крајот на денот и без никакви остварувања поразениот да му ја честита победата на победникот, рече Коцевски.
Носителот на листата со кандидати за членови на Советот на Општина Велес, д-р Ненад Коциќ со семејството гласаше во 12.50 часот на избирачкото место во ООУ „Блаже Конески“./У.Ј