Продолжува агонијата на работниците во „Фени“ денешното стечајно рочиште се одложи
По легитимирање на побарувањата на седумдесеттина доверители во „Фени“ стечајната судијка на Основниот суд во Велес, Валентина Ѓорѓиевска го одложи судењето. Предметот се наоѓал во скопска Апелација затоа што актуелниот сопственик на Комбинатот од кавадаречко Возарци, фирмата „Кунико“, се жали на решението за отворање на стечај. Се огласи и стечајниот управник Мирослав Анастасиевски со соопштение во кое ги потврди причините за одлагањето. Тоа значи дека не се исполнети законските претпоставки за одржување на Испитно рочиште и Извештајно собрание.
Тоа предизвика револт кај работниците на „Фени“ бидејки нема нивни претставници во Одборот на доверители. Гранковиот синдикат претпоставува дека стечајната постапка ќе биде долга и најави дека е можно да бара проширување на Одборот.
– Ќе бараме и да бидат работно ангажирани сите вкупно вработени од било кој потенцијален инвеститор во Фени, рече Стојко Мурџевалески, правен застапник на СИЕР.
Пред Основниот суд во Велес денеска дојдоа и транспортерите од „Фени кои бараат наплата на долгот за транспортот на рудата за поребите на „Фени “. Ним комбинатот им должи пари од март, лани.
– „Фени“ да не оди во стечај, си ги бараме нашите пари. Ние како транспортери сме сардисани од сите страни, не лажат а ние сме должни на банкте, за регистрации, за гуми. Јас мислам дека има големи игри околу комбинатот. Слушаме бил должен 60 милиони евра па кога може сликата на Пикасо да се продаде за 450 милиони евра секако дека Фени вреди 60 милиони евра, рече Илија Голубовиќ сопственик на транспортно претпријатие.
– Нека не повика комерцијалниот директор на Комерцијална банка Никола Џамбазов и нека не обештети. Вкупно сите 60 транспортери со 200 кипери, од камион по 15 илјади или 17 лјади значи имаме за земање 4,5 милиони евра. Ке бараме средба утре или во понеделник и со вицепремиерот Кочо Анѓушев, рече Душко Пауновски сопственик на транспортно претпријатие
Транспортерите и вработените не се колебаат. Нивното барање е трајно решение за „Фени“. Во спротивно ќе го блокираат Комбинатот кој месец ипол е во стечај поради долгови од 60 милиони евра а од нив 40 кон банките. За нив швајцарскиот „Фос Асет Менаџмент“ е најсериозен инвеститор за Комбинатот. Наредното рочште е закажано за 7 февруари, годинава. /У.Ј