Исчистен од наноси башиноселскиот мост,кој поради безбедност се контролира, додека дрвото на столбот на мост Ѓемиџии треба да го извади Агенција за патишта
Наноси од дрва и гранки, викендов, донесе на мостот кај Башино Село зголемениот проток на вода во реката Вардар во велешко. Тие веднаш беа отстранети од фирмата што Општината ја има ангажирано за тоа што тој мост не е безбеден па постојано се контролира. И утринава била направена контрола.
– Засега гранки и дрвја нема но поради можноста од довлекување на нови гранки и дрвја башиноселскиот мост постојано ќе се контролира, рекоа од општина Велес.
Викендов по обилните врнежи од дожд го зголемија нивото на проток на вода во реката во централниот дел на градот. Водата се излеа од речното корито кај Мало Мовче, во строгиот центар на Велес, од левата страна и зафати дел од брегот додека од спротивната страна се прелеа само на завршниот дел на кејот.
Од утрово протокот на вода се намалува. Инаку нема пријави од граѓани за штети од излевање на водата, рече раководителката на ПЕ на Дирекцијата за заштита и спасување Билјана Симонова.
Инаку, подолг временски период, големо дрво е закачено на еден од носечките столбови на централниот мост во Велес, мостот „Ѓемиџии“. Него треба да го извади од водата Агенцијата за патишта бидејќи мостот е под нејзина надлежност./У.Ј