Вработените во ЈП „Парк спорт“ го исчистија од шут и смет просторт пред градскиот фудбалски стадион
Исчистен е дворот пред спортската сала „Ѓемиџии“ и приодот кон градскиот фудбалски стадион од смет и шут. Во чистењето учествуваа вработените на ЈП „Парк спорт“ и градежна фирма која помогна со механизација. Шутот и сметот што доаѓа преку атмосферската канализација од Младинси парк беше собран и утоварен во 10 камиони. За разлика од претходно сега без проблеми може да се приоѓа кон салата и стадионот и да не се прескокнуваат малите езерца со вода што се собираше поради затнатата шахта која ја прифаќа водата под пругата.
– Задоволен сум од реализацијата на иницијативата и од тоа што вработените веднаш ја прифатија и со сопствено волонтерско учество ја реализираа. Се тоа направивме за да им овозможиме на граѓаните да немаат пречки при доаѓањето на градски стадион, во салата Партизан и во салата Гемиџии. Повеќе не ке треба да прескокнуваат езерца и да гледаат грда слика. Ова е само еден наш придонес во заштитата и на животната средина. Се што беше смет и шут, рачно и со багери, се собра во 10 камиони на градежната фирма што веднаш прифати партнерство и покажа општествена одговорност. Благодарност до ГП „Изгрев“, рече Златко Гуцев директор на ЈП „Парк спорт“.
Вработените во ова спортско јавно претпријатие веќе исчистија од смет поголем дел и во внатрешноста на спортската сала „Гемиџии“. Сега кога е уреден горниот дел ќе следат и активности за чистење на страничните делови и долниот пристап на салата од страната на централниот градски парк./У.Ј