Четири полесно повредени патници во две возила,утрово, во сообраќајка кај велешката депонија за смет
Во директен судир на две патнички возила марка „опел астра“ со скопски регистерски таблички, рано утрово околу 7 часот, на магистралниот пат Велес – Штип, повредени се четири лица. Точната локација на сообраќајната несреќа е во близина на велешката градска депонија за смет.
Повредените патници од двете возила. Тие се здобиле со лесни телесни повреди.
– По приемот на хирушкотот одделение, помеѓу 7.30 и 8.00 часот, направени се прегледи од страна на хирургот трауматолог д-р Филип Тодоровски кои потоа ги упатил на ренген снимања и по добиените резултати констатирал полесни телесни повреди кај сите четворица пациенти како што се нагмечувања. Пациентите сепак се задржани на опсервација на хирушкото одделение во текот на денот, рече Марина Андова портпаролка на Општа болница Велес.
– Увид на местото на настанот изврши екипа на СВР Велес. Според првичните информации причина за несреќата е недржење страна и правец на движење на возилото што доаѓало од Штип кон Велес. Тоа преминало од десната на левата коловозна лента и директно удрило во „опел астра“ возилото што возело во спротивна насока, рече Димитар Каракулев од СВР Велес.
Во сообраќајната несреќа повредени се лицата М.З. (1996), И.С. (1977), Ј.Б (1996) и Б.З (1997) кои се наоѓаат на лекување во велешката болница, но немаат сериозни повреди./У.Ј