Пренесен патник од воз во велешка болница но и по укажана помош починал
Објавено на 9 јули, 2018 во 15:20
Во патничкиот воз кој сообраќал на релација Скопје-Велес, вчера околу 12 часот, било пријавено дека на патникот Н.С. (34) од село Фурка-дојранско, му се слошило. Toj бил пренесен во Општата болница во Велес, но околу 13 часот починал.
При извршениот преглед на патната торба на Н.С. биле пронајдени две паковки со бела прашкаста материја, кои се дадени за вештачење.
По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција.