Коцевски: Во подготовка се проекти за две важни сообраќајници во повисоките зони на месноста Прцорек
Источната страна на стариот дел на Велес е заборавена и од оваа актуелна локална власт. Таму не е поместен ниту еден камен и со години граѓаните се чувствуваат запоставено наспроти градежните работи на спротивната, западна страна на градот. Ова го напишаа на социјалната мрежа Фејсбук неколкумина велешани што живеат таму. Тие побараа Градоначалникот Аце Коцевски да одговори на нивните прашањата.
Но со нив не се сложи Градоначалникот. Тој одговарајќи на новинарско прашање кога ќе се превземат активности за решавање на проблемите со кои се соочуваат жителите од месностите Костурница, Варналиите, Прцорек, Потокот рече дека општината не ги дискриминира своите граѓани од спротивната, лева страна на градот бидејќи кога Советот ја носи Програмата за инфраструктура води грижа за рамномерна распределба на финансиските средства на територијата на општината.
– Не е точно дека ништо не се случува таму, се случуваат активности кои можеби не се од голем размер но сакам да апелирам граѓаните да бидат по трпеливи, по мудри за да ги вратиме долговите од стариот Градоначалник во висина од 3 милиони евра по што се ке си дојде на свое место. Сакам да ве известам дека присуствував на средбата на градоначалниците со министерот без ресор задолжен за ромски прашања. Се изготвуваат проекти за две важни сообракајници во повисоките зони на месноста Прцорек за кои средства ќе обезбеди Владата од позицијата за „Декада на Ромите“ со кои ќе го подобриме квалитетот на живеење на граѓаните во повисоките зони на тој дел на градот, рече Коцевски.
Тој додаде дека биле предвидени и други инвестиции за останатите делови на источната страна на Велес но, не се сложи дека требало да има таква поделба и преферираше тоа да се гледа низ големината и важноста на приоритетите на граѓаните. Така, на пример, во иднина можеби би се појавиле приоритети што ќе овозможат да се инвестираат многу повеќе средства по глава на жител на левата во споредба со десната страна на Велес.
Но, општината ја промени маршутата на автобусот со бесплатен превоз за граѓаните кои,во сабота и недела се капат и сончаат на велешко езеро „Младост“ по затворањето на градскиот базен од безбедносни причини. Автобусот наместо преку населбата „Шорка“ сега мине и по улицата „Димитар Влахов“ а застанува и во населбата „Речани“ на релација до велешко езеро „Младост“. /У.Ј
/У.Ј