Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Deponija1

Исто како лани и годинава густи облаци од црн чад надвиснаа над градската депонија за смет во Велес. Денеска таму, околу 11 часот, избувна пожар што брзо се ширел во централниот дел на депонијата. Запалениот смет првично го гаснеле вработените на ЈКП „Дервен“ ,кое управува со депонијата, се додека не стигнале тројца пожарникари со три противпожарни возила на велешката Територијалната противпожарна единица.

Комуналците и пожарникарите спречија огнот да излезе надвор од депонијата . Внатре во централниот дел сеуште се интервенира со вода и угаснатиот дел со помош на булдожери се покрива со земја. Сепак од изгорениот разновиден смет се создава чад што велешани го гледаат во воздухот затоа што депонијата се наоѓа на рид од источната страна на Велес непосредно до регионалниот пат кон Штип.

Од комуналното претпријатие соопштија дека пожарот го предизвикале високите температури на воздухот како и депонискиот гас што го испушта отпадот како и дека пожарот веќе е локализиран но, отежнато е гаснењето поради составот на запалената маса.

Deponija2

Сепак општинската инспекторка за заштита на животна средина Билјана Шуркова Манаскова вели дека можно е пожарот да го предизвикал човек.

- За жал во велешката депонија собираат пластичен отпад неформални собирачи. Тие постојано влегуваат и излегуваат од депонијата. Иако нивното однесување е коректно сепак ваква последица може да настане и од цовецки фактор, рече Шуркова Манаскова

И додека полицискиот увид треба да покаже што го предизвика денешниот пожар, инспекторката Шуркова Манаскова вели дека тој предизвикува големо загадување на воздухот.

- Најзагаден е воздухот кога има пожар на депонија. Кога гори отпад во амбиенталниот воздух се ослободуваат најтоксичните материи, токсини и фурани, кои што имаат и канцерогени својства, додаде Шуркова Манаскова.

Инаку, новинарите и пожарникарите денеска забележаа како од депонијата за смет група граѓани изнесуваат пластични шишиња натоварени на возила. Овие велешани секојдневно влегувале и ја собирале количината на пластика што ја земаат и изнесуваат надвор а потоа ја продаваат и од неа заработуваат пари. Засега никој нема одговор зошто тие а не комуналното претпријатие  заработува од продажбата на пластиката на депонијата./У.Ј

Поврзани вести

Web banner Hit Portal Sinalco IceTea 2018 300x250px 01

Најново

 
   
   
   
   

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

20 (дваесет) Оператори во производство

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

Локација : Република Македонија - Велес
Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на infomk@rontis.com или на адреса: ДПТ РОНТИС ДООЕЛ с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 25/09/2018 година.