Почина Прим д-р Цветко Арсов, граѓаните со иницијатива велешката болница да го добие неговото име
Во 91 година од животот, завчера на 8 декември, во Велес почина Прим. Д-р Цветко Арсов -првиот дипломиран лекар на Медицинскиот факултет во Македонија. Тој по дипломирањето во 1953 година целиот свој работен век го мина лекувајќи ги велешани во здравствените институции во градот.
Прво како лекар по општа пракса посветувајќи се на лекувањето и подигнувањето на квалитетот на здравјето на своите возрасни сограѓани а потоа, по специјализацијата, како педијатар кои ги лекува и се грижи за здравјето на децата во општина Велес.
Посмртните останки на Прим. д-р Цветко Арсов беа погребани вчера на 9 декември 2018 година на гробиштата на црквата „Свети Спас“ во Велес.
По смртта на респектираниот велешки лекар, група на граѓани, предложи поднесување на иницијатива за именување на ЈЗУ „Општа болница“ Велес со името на починатиот Прим. д-р Цветко Арсов./У.Ј