Машиновозачот и помошникот во товарниот воз, кој попладнево удри во одронот кај станицата Рајко, се лекуваат во велешка болница
Дваесет и три годишниот Стефан М и неговиот врсник Роберто Б, првиот машиновозач и вториот совозач, во товарниот воз што попладнево во 17.10 часот удрил во одрони од карпа на пругата Велес – Скопје се задржани на болничко лекување во ЈЗО Општа болница во Велес. Тие се надвор од животна опасност но имаат повреди кои ги здобиле во несреќата.
– Двајцата повредени се донесени со Итна помош во Ургентниот центар на болницата. Пациентите се прегледани и им е укажана лекарска помош. Задржани се на хирушкото одделение на осервација . Еден од пациентите е снимен на Компјутерски томограф, глава и врат, додека другиот на ренгенолошки снимања поточно краниограм.Ги очекуваме резултатите од снимањата на двајцата пациенти додека тие се хоспитализирани и веќе примааат одредена терапија, рече портпаролот портпаролот на велешка блница Марина Андова.
Според неа во текот на ноќта, штом стигнат резултатите од медицинските испитувања дежурните лекари ќе продолжат со лекувањето и со ординирање на дополнителна терапија.
Машиновозачот Стефан М, додека се жалеше на болките во пределот на главата и вратот, сосема кратко рече дека од она што се сеќава е моментот кога одненадеж ја видел одронетата карпа на железниќката пруга и се обидел да го стартува кочењето но тоа било предоцна и локомотивата се забила во одронот по што излегла надвор од шините на железничката пруга. Додаде дека на тоа се сеќава бидејќи се случило пред да почувствува силна болка во пределот на главата од што се онесвестил. Тој се сомнева дека се откачил уредот за осветлување и паднал врз него.
Роберто Б беше сеуште видно вознемирен и единствено што изјави е дека добил удар од кој не се сеќава на ништо што се случувало.
Локомотивата на товарниот воз излегла од шините и при тоа биле оштетени два столба и електрична сигнализација . Железничкиот сообраќај е во прекин, бидејќи вработени од Македонски Железници ги отсрануваат одроните карпи од пругата, информира портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски.
Увид на местото на несреќата направи екипа на СВР Велес и на ЈП „Македонски Железници“.
Од Македонски Железници веќе информираа дека сите патници кои од Скопје вечерва планирале да патуваат до Велес, Кочани, Битола и Гевгелија ќе бидат превезувани со автобуси што ќе ги обезбеди јавното железничарско претпријатие./У.Ј