Два пожари се угаснати ,во изминатото денонокие, во велешко
Околу 40 хетари квалитетна борова шума зафати пожарот што денеска, 23 март, напладне избувна и зафати борова шума во близина на велешкото село Караслари. Пожарот е изгаснат од пожарникари од Велес, вработени од шумското стопанство „Бабуна“ како и од Шумската подружница од Свети Николе. Шумскиот пожар го гаснеа и два авиони „канадер“ на Дирекцијата за заштита и спасување.
Од Дирекцијата за заштита и спасување ја потврдија информацијата дека пожарот е изгаснат и соопштија дека поради опасност од повторно појавување површината ја контролираат пожарникари од Противпожарна единица и екипа од ШС „Бабуна“.
Освен денешниот пожар вчера, петок, доцна попладне се појавил и кај селото Крива Круша каде горела нискостеблеста дабова шума на површина од околу два хектара./У.Ј