Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

goran fin

Велешанецот Гордан Штерјовски ја освои фантастичната добивка Милионер Џек Пот , вредна 1.617.237 денари. Среќната добивка е освоена на 10 -ти октомври, оваа година во Спорт Лајф Трејд во Велес. Гордан пред неколку дена се вратил во татковината, па ова е дополнително убава причина за славење во неговото семејство.

Во просториите на Државна видеолотарија, раскажал дека работи на брод, па затоа и многу се израдувал кога заедно со можноста да се забавува на видеолотариските терминали, му се случило среќното и добитно изненадување. Со семејството веќе прави план како ќе ги потроши парите. Размислува да се поднови со нов стан или нов автомобил.

Во првата половина од месец октомври 2019, на видеолотариските терминали постигнати се шест Милионер Џек Пот, во вкупен износ од 9.233.594,00 денари.

Џек Пот добивките, Државна Видеолотарија ги стартуваше на први јуни 2016. Добивките се постигнуваат со учество на ВЛТ игрите на среќа.

Досега под мотото „Играј за забава“, освоени се 274 Милионер Џек Пот добивки во вкупен износ од 407.450.641,00денари. Покрај нив, освоени се и 50.548 Мини Џек Пот добивки во вкупен износ од 272.029.262,00 денари. Мини Џек Пот добивките се во вредност од 4 илјади до 5 илјади денари, додека најпосакуваната Милионер Џек Пот добивка е вредна од 1.200.000,00 до 1.800.000,00 денари.

 

 

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

Duma Banner

ezgif.com video to gif1

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

С О О П Ш Т Е Н И Е  З А  Ј А В Н О С Т

           

Општина Велес ја информира јавноста дека, првото авионско тертирање против комарци ќе го изврши на ден 07 јуни (недела) 2020 год. во периодот од 05.00 до 06. 30 часот. Доколку временските услови не дозволуваат авионско прскање истото ќе се изврши наредниот ден, 08 јуни (понеделник) 2020 год.

Границата, на третирањето е: Езеро Младост, с. Отовица, месност Јарбош, по течението на Вардар од север од с. Башино село низ Велес, се до вливот на реката Бабуна и с. Горно Караслари. На запад границата започнува од населбата Превалец, преку населбата Керамидна кон фабриката „Киро Ќучук“ и с. Горно Оризари.

Со третирањето ќе биде опфатено целото градско и приградско подрачје, како и целото течение на реката Вардар на овој потег. И оваа година ќе се третира рекреативниот центар Езеро Младост со непосредната околина.

Се известуваат пчеларите во времето на третирање и 3-4 часа потоа да ги затворат кошниците со пчели, заради можноста од влијание на средството со кое се врши третирањето врз безбедноста на пчелните семејства.

 
   
   
   
   

Најново