Се продаде парцела за изградба на зграда кај велешка касарна
Објавено на 1 февруари, 2020 во 10:18
Фирмата „Пододекор“ ја купи парцелата крај касарната во Велес. За двеста осумдесет и шест денари повеќе од почетната цена на електронско јавно наддавање во Општина Велес, се продаде парцелата со вкупна површна од 3.189 м2 намената за станбена зграда, крај Касарната „ Алексо Демниевски Бауман“.
Неа ја купи фирмата „Пододекор“ и плати 1.656 денари наместо почетната 1.380 денари по метар квадратен. На парцелата ќе се гради зграда на површина од 838 м2 со максмална висна од 21 метри.
Претходно таму „Пододекор“ има изградено два објекти за колективно домување.
На електронското јавно наддавање не се продаде парцелата за зградба на хотел, со површна од еден хектар, на брегот на „Езеро Младост“./С.А