ТТК Банка потврди дека експозитурата во Велес ја ограбил еден крадец и вработените не се повредени
Непознат сторител, на 7 февруари 2020 година, во 9.20 часот во центарот на Велес ја ограбил експозитурата на ТТК Банка Ад Скопје во грабеж во кој вработените во Банката постапиле според процедурите и претходно дадените упаства, кои се применуваат во вакви случаеви од страна на банката, соопштија од ТТК Банка.
„Никој од вработените не е поврeден, ниту за време на настанот имало надворешни клиенти во Банката. Во моментов се работи на утврдувањето на висината на износот на ограбените средства. Средствата на Банката се претходно осигурани во надлежна осигурителна компанија во функција за елиминарање на секаков ризик од ваков вид настани. Безбедносните камери јасно го лоцираат ограбувачот и истите се предадени на надлежните служби при МВР, кои се излезени на местото на настанот и превземаат професионални оперативни мерки за откривање на сторителот на овој немил настан,“ напишаа од ТТК Банка.
Според соопштението, во грабежот учествувало едно лице по кое трага и полицијата откако на лице место заврши увидот на СВР Велес.
Исто така, денеска МВР, соопшти дека на 07.02.2020 во 09.20 часот во СВР Велес било пријавено дека во експозитура на банка на ул.„8 Септември“ во Велес едно лице со закана со пиштол од вработените одзело пари и побегнало. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“./У.Ј