Полицијата казни 45 велешани,28 кавадарчани и 22 неготинци за не носење заштитна маска
18.06.2020
За непочитување на Уредбата за носење на лична заштита казнети се вкупно 95 лица на територијата што ја покрива СВР Велес поточно 45 во Велес, 28 во Кавадарци и 22 во Неготино. Казните се изречени во последните два дена.
Исто така, денеска и вчера, според статистиката на полицијата 99 лица се во изолација и 52 се во самоизолација во Велес, Кавадарци и Неготино.
Со Решение за изолација од коронавирус има пет граѓани во Велес и четири во Неготино додека со Изјава за самоизолација има вкупно 12 нови лица од кои 11 во Велес и едно во Неготино.
Вкупно со Решение во изолација има 99 лица, од кои 62 во Велес, седум во Кавадарци и 30 во Неготино, а со Изјава за самоизолација има вкупно 99 лица, од нив 52 се во Велес, 32 во Кавадарци и 15 во Неготино.
– Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што, е утврдено дека сите ги почитувале овие мерки, рече Верољуб Додевски портпарол на СВР Велес./У.Ј
.