Во 185 новозаразени со коронавирус во државата денеска се и двајца велешани додека оздравени се 4 сограѓани
20.06.2020
Новозаразените сограѓани не се примени на лекување на Инфективното одделение во велешка болница. Таму болнички се лекува од вчера само позитивниот на Ковид-19 кого лекарите случајно го открија по здобиените повреди од тепачката во Ромското Маало во Потокот. Останатите петмина заразени од вчера, се лекуваат во домашни услови, затоа што немаат знаци и клиничка слика која изискува потреба од болничко лекување, изјави портпаролката на Општа болница Велес д-р Весна Николовска Неделкова.
-На Инфективно одделение денеска има вкупно 16 пациенти од кои 15 пациенти се со позитивен тест додека за еден кои има симптоми сеуште не е стигнат резултатот од тестот. Двајца од пациентите се кислородна поддршка, додаде д-р Николовска Неделкова.
Со последните двајца новозаразени вкупниот број во Велес изнесува 164 лица
Според информациите на Министерството за здравство денеска се евидентирани и 4 оздравени велешани додека активни се 32 лица во Велес./У.Ј