Д-р Ненад Коциќ ја промовираше програмата на Коалицијата „Можеме“, предводена од СДСМ, пред велешани
24.06.2020
Нова македонска економија, компатибилна со европските, што гарантира напредок е првиот столб на Програмата на коалицијата „Можеме“. Програмата ја сочинуваат уште пет значајни столбови кои им нудат на граѓаните развој на македонското здравство со подеднакво добри услови како за пациентите така и за здравствените работници, вклучување на социјалата во развојот на македонската економија, воспоставување на ред, правда и дисциплина, влез во Европската Унија откако државата влезе во НАТО и борбата за здрава и чиста животна средина.
– Сите овие столбови се еднакво значајни за развојот на државата. Со реализацијата на првиот столб, новата македонска економија за граѓаните обезбедуваме напредок на државата од сите аспекти. Се справуваме со пандемија на коронавирус и знаеме што беше направено за развивањето на здравствениот систем во изминатите три години особено за лекарите,медицинските сестри и медицинските техничари како и техничкиот персонал, кои стимулации беа поделени. Сигурно дека и тоа сега помогна за стручното справување со епидемијата како и во спасувањето на човечки животи. Но и понатаму продолжуваме со ист интензитет и темпо, обезбедување на исто така добри услови за работа за здравствените работници како и за лекување на пациентите. Во однос на претходната состјба, социјалата доживеа драстичен напредок во изминатите три години, затоа продолжуваме така и понатаму. Нормално мора да владее ред правда и дисциплина во државата. Мора да има правда за сите. Она што ветуваме е дека ќе обезбедиме европска правда врз основа на закон и прописи. Без тефтерчиња за судии ќе се реализира деполитизирање затоа што нас ни е потребно судење врз основа на Устав и закон а не по порачки и наместени судски процеси. Влеговме во НАТО и влегуваме во ЕУ. Ветуваме дека поголем број од поглавјата што ќе бидат тековно отворани, откако го добивме датумот за преговори. Во наредните четири години ќе бидат отворени најмалку 80 отсто од поглавјата. Веруваме дека Македонија може многу наскоро да влезе како членка на ЕУ. Македонија е еколошка држава, тоа што Велес го работи, како борба за чист воздух, за сончеви колектори, обновливи извори на енергија, ќе продолжи и ветуваме дека за четири години Македонија ќе биде пример за тоа како се реализира одржливиот развој на едно општество како основа на секоја современа европска држава, додаде д-р Коциќ.
На листата со кандидати за пратеници на Коалицијата „Можеме“ во изборната единица број 3 има двајца велешани. Тоа се д-р Ненад Коциќ на петото место ди Даниела Стојанова Пановска на 12 место. На претстојните вонредни парламентарни избори оваа листата со кандидати за пратеници на Коалицијата „Можеме“ во изборната единица број 3 ја предводи Љупчо Николовски генерален секретар на СДСМ./У.Ј