Денонокие без ново заразени и оздравени болни од Ковид-19
Објавено на 27 јуни, 2020 во 12:43
27.06.2020
Нема новозаболени велешани од Ковид 19 во изминатите 24 часа кога во државата се направени 1086 тестирања, а регистрирани се 150 нови случаи. Во вардарски регион единствено е евидентиран еден нов случај на заразен во Неготино. Во истиот временски период нема и оздравени граѓани, соопшти Министерството за здравство.
.Досега во земјата се направени вкупно 57.895 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5906, бројката на оздравени пациенти е 2236, на починати е 277, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3393./У.Ј