Вкупно 100 прекршоци од страна на граѓани за неносење заштитна маска за време на продолжениот викенд
31.08.2020
Трите полициски станици на Секторот за внатрешни работи Велес, во Неготино, во Кавадарци и во Велес, за време на продолжениот викенд евидентирале 100 граѓани кои сториле прекршоци по член 6 став 1 од уредбата за носење на лична заштита во врска со пандемијата од ковид 19.
Во петокот на 27 август се евидентирани 14 прекршоци во Велес, 8 прекршоци во Кавадарци и 10 прекршоци во Неготино.
Еден ден подоцна полициските службеници без маски на улиците во трите градови затекнале девет велешани, девет кавадарчани и двајца неготинци.
Најголем број на прекршоци, по ден, се регистрирани вчера, недела 30 август кога 48 граѓани не носеле заштитна маска. Од нив 32 се велешани и 16 кавадарчани. Најдисциплинирани биле граѓаните на Неготино кои не сториле ниту еден прекршок./С.А