Исчезнат маж од Скопје е пронајден мртов близу велешкото село Ветерско
Објавено на 7 септември, 2020 во 15:14
7.09.2020
Шеесет и пет годишникот М.Г. од село Ржаничино во Општина Петровец вчера бил пронајден починат покрај стариот пат Велес-Скопје во атар на село Ветерско.
По него трагале најблиските откако на 2 јуни годинава излегол и не се вратил дома.
Неговото исчезнување е пријавено и евидентирано во полиција.
Откако бил пронајден мртов по наредба на Јавен Обвинител телото е предадено на обдукција во Институт за судска медицина Скопје. Увид направила и екипа на полицијата./С.А