Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

policija fin

30.09.2020 

Поради констатирани повеќе повреди на главата и лицето, скршеници на коски, констатирани при снимање на ренген и компјутер моторциклистот Д.З.(32) од Велес е итно пренесен на Ургентниот центар во Скопје. Тој повредите ги здоби во сообраќајка што вчера вечер се случи на улица: “Благој Ѓорев“ во Велес.

- По приемот во Општа болница Велес пациентот е прегледан и дадена му е здравствена помош. Поради повеќе здобиени повреди на черепот и особено скршеници на лицето е итно транспортиран на Ургентен центар во Скопје, рече д-р Весна Николовска Неделкова, портпарол на Општа Болница Велес.

Сообраќајката во која е повреден велешанецот се случила вчера вечер околу 21.30 помеѓу патничко моторно возило „БМВ“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Љ.С.(42) од Велес и мотоцикл „гилера“ што го управувал Д.З.

- Во незгодата, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Велес. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Велес, рече портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски./У.Ј.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново