Повредениот моторциклист во синоќешната сообраќајка во Велес итно префрлен на Ургентен центар во Скопје
30.09.2020
Поради констатирани повеќе повреди на главата и лицето, скршеници на коски, констатирани при снимање на ренген и компјутер моторциклистот Д.З.(32) од Велес е итно пренесен на Ургентниот центар во Скопје. Тој повредите ги здоби во сообраќајка што вчера вечер се случи на улица: “Благој Ѓорев“ во Велес.
– По приемот во Општа болница Велес пациентот е прегледан и дадена му е здравствена помош. Поради повеќе здобиени повреди на черепот и особено скршеници на лицето е итно транспортиран на Ургентен центар во Скопје, рече д-р Весна Николовска Неделкова, портпарол на Општа Болница Велес.
Сообраќајката во која е повреден велешанецот се случила вчера вечер околу 21.30 помеѓу патничко моторно возило „БМВ“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Љ.С.(42) од Велес и мотоцикл „гилера“ што го управувал Д.З.
– Во незгодата, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Велес. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Велес, рече портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски./У.Ј.