„Ковид -19“ ја зема седумнаесеттата жртва во велешко
20.10.2020
Шеесет и две годишната велешанка почина денеска околу 13 часот на Инфективното одделение во Општа болница Велес. Таа е 17 жртва на заразното заболување во велешко.
Информацијата ја потврди за Дума.мк портпаролката на велешката болница др Весна Николовска Неделкова.
Состојбата со ширењето на инфективното заболување е се посериозна. Од ден во ден се зголемува и бројот на заразени кои бараат лекарска помош.
-Денеска на Инфективното одделение има вкупно 41 пациент, од кои 38 се потврдено позитивни додека за тројца се чекаат резултати од земен брис но тие имаат симптоми на инфекција. Дванаесет пациенти се на кислородна поддршка. Од болничко лекување до вечер ќе бидат испишани четири пациенти со по два негативни тетови на Ковид-19, рече др Николовска Неделкова.
Бројот на активни случаи во велешко изнесува 99 лица./У.Ј