23 жртва на ковид е 63 годишен велешанец
25.10.2020
Со дијабет и висок крвен притисок иако имал позитивен тест на Ковид-19 од 21 октомври, велешанец на возраст од 63 години, вчера во 18 часот побарал помош на Инфективното одделение во Општа болница Велес. Тој е 23 жртва на вирусот во велешко.
– Пациентот е примен на болничко лекување со ниска сатурација како и со дијагнози на хронични болести како што се дијабет и покачен крвен пристисок. Неговата здравствена состојба била крајно влошена. Иако е дадена терпија што ја користат и ковид центрите во Скопје, мислам на Инфективна клиника и ГОБ „8 Септември“, за жал 63 годишниот велешанец почина по шест часа од приемот на одделението во болницата, реле портпаролката д-р Весна Николовска Неделкова.
Таа апилираше граѓаните кои имаат нагло влошување на состојбата како кашлица и отежнато дишење потребно е веднаш да консултираат лекар, матичен а потоа ќе бидат соодветно упатени на болничко лекување. На прашањето дали на последно починатиот пациент не можеше да му се помогне со итен транспорт во еден од двата ковид центри во Скопје др Николова Неделкова одговори:
-За жал не, неговата здравствена состојба беше сериозно тешка кога е примен во болницата. Исто така граѓаните треба да знаат дека поради преоптовареност или немање на слободен респиратор во двете скопски болници, мислам на Инфективна клиника и на ГОБ “8 Септември“ последниве денови тешко се обезбедува место. Затоа е потребно да не се крие и одолговлекува потребата од лекување на заразното заболување.
Последиците гледаме сите дека во вакви случаи се фатални. Специјалистите по инфективни болести се во постојана комуникација со двете скопски клиники и разменуваат мислења за состојбата и третманот како и за евентуалната потреба за потешките болни, додаде д-р Николовска Неделкова.
Во моментов на Инфективното одделение во Општа болница Велес се лекуваат 42 пациенти од кои 37 се потврдено позитивни додека 5 се сомнителни. Петнаесет од хоспитализираните болни се на кислородна поддршка./У.Ј