Приведен еден велешанец за кој се сомничи дека е поврзан со групата „Јавна Соба“
28.01.2021
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и соопшти на јавноста дека две лица кои се сомничат за поврзаност со групата „Јавна Соба“ на социјалната мрежа Телегра, се приведени во полиција.
„Две лица, едно во Битола и едно во Велес се приведени во врска со случајот Јавна соба, а се преземаат мерки и активности и кон други лица. Работиме во координација со јавното обвинителство со цел целосно расчистување на случајот и содветно санкционирање на сторителите“, – гласи фејсбук статусот на Спасовски.
Првата група на „Јавна Соба“ беше откриена пред една година, кога беа откриени околу 7.000 корисници. Тие споделуваат експлицитни фотографии на девојки од кои некои се и малолетни, во целост ги соопштуваат и нивните лични податоци.
#ГрупаЈавнаСоба #НеСиСама #ПриведениЛица #МинистерЗаВнатрешниРаботи