СВР Велес: Спроведена акциска контрола за неправилно престигнување и 15 велешани кои не носеле маска
Објавено на 2 март, 2021 во 12:37
02.03.2021
На подрачјето на Сектор за внатрешни работи Велес, била спроведена акциска контрола на возачи кои вршат неправилно престигнување. При што биле регистрирани 14 прекшоци од кои осум во Велес, пет во Кавадарци и еден во Неготино. Акцијата била спроведена во временски период од 07:00 до 12:00 часот и овие лива ќе бидат санкционирани со соодветни пријави.
Во текот на истиот ден за не носење на маска евидентирани се вкупно 28 лица. Во Велес 15, осум во Кавадарци и пет во Неготино, против овие граѓани ќе следуваат соодветни мерки.
Стефани Манева