Ефектите од поддршката на правосудните институции во Република Македонија која Кралството Холандија во изминатиот период ја реализираше преку проекти во рамки на МАТРА - Програмата за владеење на правото беа тема на работната посета на првиот секретар и регионален координатор за владеење на правото на Кралството Холандија, Дики Метхорст Де Бие и Асистентот за владеење на правото на Холандската Амбасада во Р.Македонија, Ѓакуш Кабаши со Претседателот на судот, Претседателите на Граѓанскиот и Кривичниот судски оддел како и Судскиот администратор. Домаќините пред странскиот експерт и преставникот на Холандската Амбасада во Р.Македонија ги презентираа работата на судот, просторните и технички капацитети за остварување на неговата надлежност, со посебен осврт на реализацијата на неколку проекти за модернизација на судството кои биле спроведени.

Граѓаните на Велес во сабота на 10 март ќе можат да ја покажат својата грижа за заштита на животната средина во локалната заедница. Под мотото „Не валкај - разубави, ден за Велес“ Општината и Јавното комунално претпријатие „Дервен“ организираат масовна акција за чистење на Велес која ќе има за цел да се собере сметот на три локации во градот.

Во текот на вчерашниот ден во велешко се случиле две сообраќајни несреки во кои едно лице се здобило со тешки телесни повреди за што било итно префрлено на Ургентниот центар во Скопје додека дирктниот судир на две патнички возила завршил без последици врз здравјето на возачите и поминал само со материјална штета на автомобилите.

Со порака за остварување на личните права и уште поголема политички, економски и социјални права во општеството како и за поголеми права во политичкото одлучување, во управувањето и раководењето со фирмите и јавните институции денеска Градоначалникот на Велес им го честите меѓународниот ден на жената на своите сограѓанки.

Се зголемува бројот на жени кои се жртви на семејно насилство во велешко. Тие се најчесто членови na семејства во кои мажите се алкохоличари,  зависници од дрога, или се економско зависни од платата на сопругот или како недоволно образовани долги години се соочуваат со тупаниците на посилниот пол. Тие се срамат да кажат дека се тепани, сексуално злоставувани или омаловажувани па затоа молчат. Всушност ќутат се додека стравот и малтретирањето не ги донесе во состојба на тешки депресии, растројства или анксиозност па тогаш бараат помош од невропсихијатри. Во болница од страна на лекарите и психолозите се открива вистинската причина за нивното страдање, рече психологот на ЈЗО Болница Велес, Емилија Здравковска.

Масовно се крадат акумулаторите од светлосно,звучните и ликовни уреди за премин преку железничкита линија Табановце - Гевгелија. Минатата недела без акумулатор остана преминот кај селото Ногаевци, пред Градско. Претходно, пред четири дена група разбојници го украла и акумулаторот на преминот Градско - Кукуричани. Станува збор за акумулатори кои се десет пати по тешки од типовите што се наоѓаат во автомобилите, рече за Дума.мк раководителот на секторот за електро технички постројки на ЈП „Македонски железници“, Ненад Савиќ.

Поврзани вести

 

Најново