Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

FK Borec fin

12.02.2021

Во 2021 година преку спортски ваучери од Агенцијата за млади средства со вредност од и над милион денари ќе добијат четири спортски клубови во Велес. И тоа ФК Борец, ОК Борец, РК Борец и КК Борец Баскет.

Прв спортски клуб од Велес, на објавената листа, е ФК Борец со 3.800.000 денари или околу 60 илјади евра, втор е ОК Борец со 1.800.000 денари или околу 30 илјади евра, трет РК Борец со 1.100.000 денари или околу 18 илјади евра и четврт КК Борец Баскет со 1.000.000 денари или околу 16.200 евра.

Кајакарот Љубомир Спасиќ доби 130.000 денари или над две илјади евра потоа кајакарите , а Александар Златаров и Ангел Петрушев со по 100.000 денари или околу 1600 евра.

Од Агенцијата за млади и спорт ваучери добија и
КМФ Велес во вредност од 900.000 денари или околу 15.000 евра
ККК Арка Борец во вредност од 600.000 денари или околу 10.000 евра
КМФ Кеги Моби во вредност од 480.000 денари или околу 7.800 евра
ЖФК Борец и ККК Вила Зора по 470.000 денари или 7.600 евра
МВК Велес во вредност од 400.000 денари или 6.500 евра
СК Велес во вредност од 380.000 денари или 6.000 евра
ФК Превалец во вредност од 230.000 денари или 3.700 евра
КК Гладијатор во вредност од 220.000 денари или 3.500 евра
ККК Бабуна во вредност од 200.000 денари или 3.200 евра
БК Борец во вредност од 173.000 денари или 2.800 евра
ССРИ Велес во вредност од 150.000 денари или 2.400 евра
АК Велес во вредност од 120.000 денари или 1.950 евра
РК Бисинов Вардар во вредност од 80.000 денари или 1.300 евра
БК Борец Велес во вредност од 70.000 денари или 1.130 евра
МК Велес во вредност од 69.000 денари или 1.120 евра
КБК Будо во вредност од 60.000 денари или 975 евра
ЗСР Бабуна во вредност од 54.000 денари или 878 евра
ППК Борец во вредност од 30.000 денари или 487 евра
ПК Пеливан во вредност од 29.000 денари или 470 евра
ФК Борец Јуниор во вредност од 20.000 денари или 325 евра

На веб страницата на Агенција за млади и спорт се објавени информациите кои што можете да ги погледнете на следниве линкови:

https://drive.google.com/file/d/1g__5sstzT6lW72-ArQgWKDWqymmhxSkG/view

http://www.ams.gov.mk/images/%D0%A1%D0%BF%D0%BE%D1%80%D1%82%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B8_-_%D0%92%D0%B0%D1%83%D1%87%D0%B5%D1%80_2021_1.pdf

 

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

SInalco PES 2021 web Baner 300x250 Duma

Х Фактор Акцелератор ја најавува својата нова Инвестициска програма и инвестиции до 100.000 Евра

 

Најактивниот акцелератор во Македонија Х Фактор Акцелератор ја најавува својата нова Инвестициска програма и инвестиции до 100.000 Евра во стартап фирми и дополнителна техничка поддршка, менторство и пристап до компании. Повикот е отворен за пријавување до 15ти Март, со вкупен буџет за инвестиции од 300.000 Евра кои ќе се инвестираат во 3-5 компании.

X Фактор Акцелератор е првиот од трите акцелератори поддржани од ФИТР преку Светска банка, кој во изминатата година реализираше две инвестиции во вкупен износ од 200.000 евра во стартап – тимовите на Матриошка и Vision Dynamix.

Оваа година и покрај предизвиците на корона кризата - X Фактор Акцелератор продолжува да креира средина која го стимулира и поттикнува развојот на новите бизниси преку поддршка на растот за регионална/глобална експанзија.

Кои критериуми треба да ги исполнат стартапите за да аплицираат на повикот?

Што бараме од компаниите како услов за влез во Инвестициската програма:

  • Оформен, искусен и посветен тим,
  • Оформен производ кој е во фаза на пазарна валидација,
  • Продажба на први клиенти,
  • Компанијата да е регистрирана во Р.С.Македонија, со најмалку 51% Македонска сопственост.

Оваа година фокусот е на иновативни решенија од било која дејност, со глобален потенцијал на раст.

 

Што добиваат стартапите во рамки на Инвестициската програма?

Оваа програма има за цел да ги донесе компаниите што побрзо до инвестиција и нови пазари. За таа цел X Фактор Акцелератор ќе започне со преговори за инвестирање и менторска поддршка со 5 до 10 од аплицираните компании преку:

  1. Специјализирана менторска програма спроведена од нашиот тим, како и од искусни ментори од партнерските организации: ФИТР, World Bank, SwissEP, Startup Macedonia, Senior Experts Program.
  2. Покрај експертската помош, акцент ќе ставиме на валидација на постоечките решенија и бизнис модели за пристап до локалните и интернационалните пазари со искусните тимови на нашите корпоративни партнери како Oracle for startups и други локални и глобални корпорации.
  3. Техничка поддршка за компаниите преку унапредување на нивната маркетинг стратегија, дигитално присуство и развој на бренд со тимот на Monday дигитална агенција, дополнителен развој и/или валидација на софтверски решенија со екпертска поддршка на ИТ професионалци од SkillUp Academy и пристап до нови пазари преку 36 Chambers.

Најважниот ресурс кој го добиваат стартапите за време на програмата, освен финансииите е целокупната поддршка за вмрежување и зголемување на видливоста на бизнисите.

Акцелераторот овозможува размена на знаења и искуства помеѓу самите претприемачи, од каде што има огромен потенцијал за произлегување на голем број нови партнерства.

  

Каков е процесот на апликација?

  1. 18.02 Изјавување на Интерес: Апликациите се одвиваат преку нашиот вебсајт со испраќање на краток опис на бизнис идејата со пополнување и прикачување на апликациска форма во коja се објаснува бизнисот,
  2. 09.03 Ask me Anything: Сесија во живо за да праша публиката сѐ што ги интересира;
  3. 15.03 Евалуација: Апликациите кои од страна на Комитетот за евалуација на проекти ќе се оценат дека се најиновативни и имаат потенцијал за раст ќе се квалификуваат за влез во следната фаза;
  4. 20.03 Валидација: Во оваа фаза селектираните тимови треба да поднесат дополнителни документи Pitchdeck, Финансиски проекции, CaseStudy со кои би се потврдиле првичните бизнис концепти и презентирање пред Евалуациониот Комитет;
  5. 01.04 Преговори и Менторство: Вклучување на 5-10 компании во 8 неделна Инвестициона програма и подготовка на компанијата за инвестиција преку, менторство, експертска поддршка, состаноци со потенцијални клиенти и партнери како и преставување на локални и регионални настани. Во текот на програмата тимот на X Фактор Акцелератор ќе го отпочне процесот на Due diligence со тимовите;
  6. 01.06 Демо ден: Стартапите презентираат пред Инвестицискиот одбор и мрежата на партнери, корпорации и инвеститори кои ќе ги одберат компаниите со кои ќе се започнат финалните преговори за инвестиција;
  7. 01.07 Потпишување на Инвестиционен договор: Финализирање на преговарачкиот процес и потпишување договори за инвестиција.

Што да очекувам од X Фактор Акцелератор?

X Фактор Акцелератор има за цел да направи инвестиција во период од 4-6 месеци од аплицирање во програмата во износ од 30.000 до 100.000 евра по компанија, зависно од фазата на развој. X Фактор Акцелераторот има за цел да стане малцински содружник, со процентуален удел во компанијата кој е предмет на преговори. Претставник на акцелераторот ќе добие место во бордот на директори и континуирано ќе помага во донесување на стратешки одлуки и поврзување на компанијата со потенцијални партнери, клиенти и интернационални инвестициони фондови.

 

Овогодинешниот повик официјално е започнат и вашите апликации ги очекуваме до 15ти Март 2021 година преку веб страната на Х Фактор Акцелератор: http://xfacc.mk/

Одговорно лице за контакт: Јозефина Симитчиева 078 377 504

 
   
   
   
   

Најново