Актерот Јовановски доби куќен притвор
Aктерот Владо Јовановски, кој повеќе од два месеца беше во притвор поради настаните во Собранието од 27 април минатата година, излегува од затворот во Шутка, откако Кривичниот совет на скопска Апелација одлучил да ја прифати неговата жалба и мерката да ја ублажи со куќен притвор.
Апелациониот суд ја прифати неговата жалба и одлучи мерката да ја ублажи со куќен притвор, а судот ќе му го одземе и пасошот.
Во притвор останува пратеникот Крсто Мукоски. Неговата жалба апелационите судии не ја прифатија иако тој се пожали дека сериозно му е нарушено како физичкото и психичкото здравје.
Пратеникот Љубен Арнаудов, како и организаторите на движењето „За заедничка Македонија“, Борис Дамовски и Богдан Илиевски добија преиначување на мерката притвор со домашен притвор и излегоа од затворот во Шуто Оризари.