Невреме во Хрватска, град со големина на пинг – понг топче
Објавено на 12 јули, 2017 во 06:38
Хрватска синоќа беше зафатена од невреме по бранот жештини. Во делови од државата паѓаше град со големина на пинг-понг топче, јавуваат хрватски медиуми.
На северниот дел од Јадранот и во горските предели имаше поројни врнежи проследени со грмотевици.
Невремето во Загорје предизвика огромна штета. Голем број од жителите се жалат дека градот им ги оштетил автомобилите, јавуваат хрватски медиуми.