Евентуален земјотрес во Скопје може да предизвика многу големи оштетувања на објектите во строгиот центар на градот кај Старата железничка станица и Домот на градежници, како и во населбите Карпош 1 и Порта Влае, кои се изградени врз раседно земјиште предупреди Дневник во текст од 2010 година, пишува Репортер.

Европа сака Брегзит веднаш, Шкотска става вето, а граѓаните сакаат повторно да гласаат.

Кога Обединетото Кралство и официјално ќе ја напушти ЕУ, ќе се промени и работниот однос на многумина Британци вработени во институциите на Унијата. Но, тоа не е толку едноставно, пишува Дојче веле.

Британскиот премиер Дејвид Камерон денеска изјави дека до октомври годинава ќе си поднесе оставка на функцијата. Камерон истакна дека процесот на преговори на Британија за излегување од Европската Унија треба да ги води нов премиер.

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, топло и ветровито со умерен до засилен западен и југозападен ветер, кој ќе биде најизразен на повисоките места и на планините.

Политичките партии мора да работат заедно за да обезбедат кредибилни избори во интерес на граѓаните и земјата, изјави во четвртокот вечерта високата претставничка на Европската комисија (ЕК) за надворешна и безбедносна политика, Федерика Могерини по телефонскиот разговор со лидерот на СДСМ, Зоран Заев, пишува Макфакс.

Поврзани вести

 

Вчера и денеска во ЈКП Дервен се испита причината за краткиот прекин на испорака на вода на ЈЗУ Болница – Велес на ден 20.02.2018 година.

Утврдено е дека екипа на Сектор Водовод работела на замена на вентил на ул. Љубљанска, поради што морале да го затворат вентилот на линијата од која од оваа страна се снабдува со вода болницата.

Но, лицето кое го затворило вентилот заради активностите на ул. Љубљанска, со крајна небрежност истото го сторило без да провери дека вентилот од втората доводна линија од страната на Којник бил исто така затворен, а што морал да го стори пред да го затвори вентилот од првата доводна линија. На овој начин ги затворил двата вентила од двете доводни линии и предзвикал краток прекин на водоснабдувањето во болницата во времетраење од 10-15 минути, по што било интервенирано и воспоставено нормално водоснабдување.

Како резултат на горенаведеното, во ЈКП Дервен во тек е постапка за утврдување на дисциплинска одговорност на соодветно лице, кон кое ќе бидат преземени строги дисциплински мерки.

Значи, не станува збор за намерно исклучување на водата на болницата, или исклучување со дадена наредба, бидејќи за тоа нема причини.

Реакциите на јавноста се оправдани и очекувани. Сепак, коментарите на социјалните мрежи кои имаат намера да прикажат пред јавноста дека наведениот проблем е намерено предизвикан, смислен и сл. и дека некој сака свесно да предизвика проблем се неточни и злонамерни.

Со почит,
ЈКП Дервен

Најново