Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Социјалната мрежа Фејсбук во Франција е под жестока критика на државните агенции кои се занимваат со заштита на приватноста на потрошувачите.

Популарната социјална мрежа илегално ги следела корисниците на интернет и оние кои немаат отоворени профили на Фејсбук, а француските власти им дале рок од три месеци целосно да прекинат со тие активности.

Националната комисија за информатика и слободи (CNIL), тврди дека Фејсбук неовластено чувал податоци за полот, политичките уверувања и религијата на корисниците, без дозвола на француските власти.

Портпаролката на Фејсбук, Сели Алдус, изјавила дека приватноста секогаш им е на ум и во срце за се што прават.

- Уверени сме дека работиме се во склад со европската заштита на податоци и дека сме соработувале со CNIL и ќе им одговрат на нивните грижи - додала Сели.

Минатата година во Белгија имало сличен случај, па на компанијата „Фејсбук“ му е пресудено дека треба да исплати 250.000 евра за секој ден кога е прекршена приватноста на корисниците на тој начин.

Извор: Плусинфо.мк

 

E baner

web banner 300x250 Sinalco Duma

banerknigovodstvo

Најново