Дали правилно го чистите сунѓерот за туширање?
Бидејќи често, го користите сунѓерот за туширање,тој лесно може да се конвертира во легло за бактерии. Па за да не, претставува закана за вашето здравје и убавина, ќе ви откриеме како правилно да се грижите за сунѓерот.
Сушење – По користење сунѓерот не треба да се остава во вода, туку на воздух, со цел целосно да се исуши. Тоа ќе биде најдобро ако го измиете со антибактериски сапун, а потоа да се стави на сушење.
Микробранова – По чистење сунѓерот, оставете го да се исуши, а потоа, додека сеуште е влажен, ставете го во микробранова печка на дваесеттина секунди. Ова може да се примени на синтетичките сунѓери.
Избелувач – Ако не можете да се разделите од сунѓерот кој го користите некое време, исчистете го од бактерии,така што на неколку секунди да се потопи во белило. Исплакнете со вода и темелно измијте со сапун. Оставете да се исуши, и повторно ќе биде подготвен за употреба.
Промени – Веднаш штом ќе забележите промени во изгледот, бојата и мирисот, време е да го замените со нов сунѓер.