Извршена првата трансплантација на пенис во САД
Човекот на кого поради рак му е отстранет пенисот е подложен на хируршки зафат благодарение на кој овој 64-годишен маж повторно има полов орган.
Томас Менинг, банкарски курир од Масачусетс, е подложен на 15-часовен хируршки зафат на трансплантација на пенисот, а органот е добиен од починат донор.
Операцијата е извршена во општата болница Масачусетс во Бостон, а пациентот успешно закрепнува.
Недолго по зафатот господин Менинг изјавил дека само сака да биде оној стариот.
Доктор Кертис Цетруло, пластичен и реконструктивен хирург, кој бил на чело на оваа операција, рекол дека тој и неговиот тим „се претпазливо оптимистични“, бидејќи тоа се се уште „непознати води“ за нив.
Ваквата операција е експериментален дел од истражувачката програма на која крајна цел е да им помогне на воените ветерани кои претрпеле тешки повреди, како и на пациентите забоелни од рак и жртвите на сообраќјани несреќи.
– Доколку се се одвива според планот, господин Менинг ќе може нормално да уринира веќе за неколку недели, а ќе има целосна сексуална функција за неколку месеци – рекол д-р Цетруло.
Господин Менинг рекол дека сака јавно да зборува за зафатот на кој е подложен за да им помогне на другите кои поминуваат низ слични проблеми и за да ги разбие срамот и предрасудите поврзани со ракот и повредите на гениталии.
Во светот се извршени само две трансплантации на пенисот. Една е извршена во 2006 година во Кина, која не била успешна, и втората во 2014 година во Јужна Африка, која била успешна, а примачот на органот подоцна добил и дете.
Извор: Плусинфо.мк