Орел се обидел на „киднапира“ момче во Австралија
Орел во паркот „Алис Спринг“ во централна Австралија се обидел да одлета со едно момче, откако претходно со канџите го фатил за глава и за качулката, пренесуваат австралиските медиуми.
Група луѓе, кои заедно со момчето учествувале во популарна програма за запознавање со дивината во тој парк, вчудоневидено гледале како орелот го фаќа момчето за глава, кое успеало да побегне и да помине без сериозни повреди.
Момчето, за кое се верува дека има помеѓу шест и осум години, се здобило со површни гребаници по лицето. Кристин О’ Конел која на 6 јули , кога се случил инцидентот, престојувала заедно со својот сопруг во паркот, изјавила дека орелот слетал право на момчето на оддалеченост од околу 15 метри.
Орелот го фатил момчето и се обидел да го подигне во воздух, но персоналот во паркот интервенирал и момчето било спасено. Од паркот порачале дека за овој случај ќе се поведе специјална истрага, и дека орелот ќе биде отстранет од програмата на паркот.
Извор: Плусинфо.мк